Дружба

Дружбата е една од клучните работи во извидништвото. Извидништвото се стреми да ги прави сите работи преку забава и дружба доловувајќи едно единствено искуство за секој извидник.

Надворешно уредување

Едно од мотата на извидниците е „Создајте подобар свет“. Водејќи се според мотото ние се трудиме да ги уредиме надворешниот простор околу одредот, но и помагаме во уредувањето на просторите надвор од нашиот одред.

Топографија

Топографијата, како еден од најважните делови на извидништвото, е дисциплина на геодезијата која ја проучува површината на копното и ја претставува на топографска карта или план. Поедноставно кажано, нејзината цел е да ја одреди местоположбата на одреден објект во реалноста и да ја претстави на карта, користејќи ги географската должина, географската широчина, и надморската висина.

Хајк

Хајковите се склопен дел од секоја извидничка акција. Извидниците додека пешачат по испланираната патека водат евиденција што се сретнале по патот како и начинот на кој што стигнале до целта.

Маскенбал

По повод први април како и ноќта на вештерките ние си правиме маскенбал каде што сите се маскираме во нашето омилено: чудовиште, херој/хероина или принцеза.

Семафор

Кога ќе слушнете за извиднички семафор нека не ве асоцира на контрола на сообраќај. Во извидништвото семафорот претставува техника на пренесување на пораки на далечина со помош на знаменца.  Секоја буква од азбуката има посебна поставеност на знаменцињата и на тој начин се пренесува тајна порака од еден на друг крај.

Зип Лајн

Ориентација

Со цел да не се изгубиме во целата забава ние учиме ориентација во природа и на карта. Оваа извидничка дисциплина ни помага да се ориентираме во природата и доколку се изгубиме без проблем да го најдеме патот до одредот.

Верба

Вербата е огромна вештина кој треба да ја поседува секој извидник. Извидничкиот поздрав се заснова на:
  1.  Верба во себе
  2. Верба во другиот
  3. Верба во духовните способности
Постариот го чува помладиот.

Шатори

Покрај тоа што спиеме во шатори, постои и извидничка дисциплина наречена Шаторизација каде извидниците треба правилно да кренат натпреварувачки шатор за најкратко можно време. Натпреварувачкиот шатор се карактеризира со 3 внетрешни шипки, платно и 10 надворешни врвки кои се затегнуваат со колчиња со цел шаторот да е стабилен и сигурен.

Качување на карпи

Припремање на храна

Од многу забава и активност понекогаш огладнуваме па затоа учиме како да приготвиме вкусна храна со цел да имаме повеќе енергија за наредните предизвици. Ниче, Чедо и Нено се најдобрите готвачи во одредот па тие ја имаат кулинарската задача во одредот, додека одговорноста за слатките задоволства ги има Кристина – Коко.

Одмор

Откако ќе ја згаснеме гладта мора да одмориме од сето тоа што сме го сработиле а воедно и од самото јадење. Петар и Филип покрај тоа што се големи извидници, тие се одлични и во оваа извидничка техника.