На ден 4.10.2020 во Скопје, Република Македонија, се одржа Собрание на Сојузот на извидници на Македонија на кое се изгласа новото раководство на Сојузот со мандат од 4 години (2020-2024). 

Присусуство зедоа, а воедно и гласаа вкупно 92 делегати од 20 извиднички одреди.

Делегати на И.О. „Мирко Милевски“ – Кичево беа: Благојче Секулоски, Стефан Штерјоски, Анастасија Секулоска, Анастасија Митревска и Бобан Стојаноски.

Вкупно 12 мотивирани кандидати претходно ги доставија своите кандидатури.

Избрани беа 7 кандидати, меѓу кои  е и претставничката на нашиот одред, Анастасија Секулоска.

Останатите 6 извидници кои се дел од новото раководство се: Виктор Гилев, Огнен Стефановски, Ана Плетварец, Симеон Ангелов, Анастасија Николовска и Јане Плавевски.

Им посакуваме успешна работа поткрепена со мотивираност и истрајност, која ќе резултира со многубројни успеси.


0 Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.