Под мотото „Направи добро дело, дарувај крв“ и по повод на Светскиот ден на извидништвото 22 февруари, извидничкиот одред „Мирко Милески“ од Кичево, во соработка со ОО на Црвениот крст од овој град, организира крводарителна акција при која се собрани 28 единици на крв од сите крвни групи, меѓу крводарителите се наоѓаат и поголем број на извидници од нашиот одред.

На традиционалната петта по ред крводарителна акција која нашиот извиднички одред ја организира по повод Светскиот ден на извидништвото 22 февруари и, која се одвиваше под мотото „Направи добро дело дарувај крв“ , беа собрани 28 единици на крв, а меѓу лицата кои даруваа крв се наоѓаат и членови на нашиот одред. Оваа акција ја спроведовме во соработка со Општинската организација на Црвениот крст од нашиот град и Заводот за трансфузиона медицина. Инаку одбележувањето на Светскиот ден на извидништвото ќе го заокружиме утре кога во вечерните часови со свечената заклетва во кампот на одредот, заклетва ќе положат новите членови, вкупно 40, или со новите членови нашиот извиднички одред ќе има вкупно  120 извидници. Во кампот ќе биде запален и логорски оган и во таков автентичен амбиент, ќе протекне целокупната свеченост и одбележувањето на овој  наш ден – рече Бобан Стојаноски, началник на извидничкиот одред Мирко Милески од Кичево.

Изминатите години извидниците од нашиот одред спроведоа и повеќе еколошки акции за чистење на падините на планината Илиница, која се надвиснува над самиот град Кичево.

Им благодариме на сите кои ја поддржаа оваа акција со дарување на крв, одличната соработка со ОО Црвен Крст – Кичево како и на медиумската покриеност од страна на кичевскиот локален портал ПОРТА.МК.


0 Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.