И.О. „Мирко Милески“ во соработка со О.У. „Кузман Јосифоски – Питу“ реализираше интерактивни презентации во просториите на училиштето со цел запознавање на учениците од најмалите генерации со извидништвото како и промоција на нашиот одред.
Нашите сограѓани беа запознаени со нашите тековни активности, предностите на членството во извидништвото, а воедно беа и поканите да ни се зачленат во нашиот одред и да станат дел од нашето семејство.
Голема благодарност до О.У. „Кузман Јосифоски – Питу“ за укажаната поддршка и се надеваме дека оваа соработка ќе продолжи во иднина.


0 Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.