ПОЧИТУВАНИ ИЗВИДНИЦИ!

И оваа година Извиднички одред ,,Мирко Милески” ги организира традиционалните ,,Септемвриските извиднички средби,, во период од 13.09-15.09 2019 година на најдобрата локација во Кичево, точно пред нашиот извидничкиот одред.
За оваа година потребни ни се најдобрите авантуристи и истражувачи за заедно да го пронајдеме скапоцениот камен. Подгответе ги вашите ранци за незаборавна авантура исполнета со мистериозни загатки, игри и дружење.

Котизација : 400 ден по учесник.

Категорија на учесниците: – за сите категории, освен ровери.

Состав на екипите: Слободен 1+3 2+2 4+0 3+1 0+4 .

Предзадача: Грепка (по екипа).

Пријавување на екипите се врши најдоцна до 08.09.2019 на телефоните:
*071-371-309 Дејан Ѓурчевски- старешина на акцијата.
*071-338-912 Марко Петров – началник на акцијата.

Пристигнувањето на екипите е најдоцна до 19:00 часот. Учесниците ќе бидат пречекани од страна на домаќините на железничка и автобуска станица во Кичево (се наоѓаат на истото место).

Не заборавајте да си ги понесете вашите насмевки
Со извиднички поздрав ЗДРАВО!


0 Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.