Пријавувањето на нови членови оди многу лесно – ќе дојдете во извидничкo, ние ќе ви дадеме пристапница, дома ќе ја пополните и готово – член сте 🙂
Во текот на наредните денови ќе определиме секојдневно работно време на одредот во кое што ќе можете да појдете и да се зачлените.

Чланарината изнесува симболични 100 денари месечно (1200 годишно). Со овие пари ги покриваме основните трошоци- струја, вода, и секакви материјали и реквизити. Извидничкиот одред е непрофитабилна организација, односно никој не зема плата од ова (чланарината ја плаќаат и самите водичи).

Веќе се формирани неколку групи на развигорци и помлади извидници, но секако дека има место уште за многу, многу членови.